Освестување за универзалната/лична моќ или залуден обид?

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Освестување за универзалната/лична моќ или залуден обид?

Пишување by angelovska elena on Пет Јун 01, 2012 6:30 pm

Телепатија? Читање на туѓи мисли? Би се излажале кога би помислиле на било што од тоа... Многу книги,многу психолози,психијатри се обиделе да ни го објаснат овој поим,ама до нашите начитани мозочиња никако да стигне било што од тоа,зошто нејќеме да прифатиме дека некој знае повеќе од нас,нејќеме да се обидеме,се плашиме,бара многу работа итн,се разбира секоја чест на исклучоците.... Со многу прости зборови ќе пробам да објаснам,потсвеста,оној дел од нашиот мозок што никогаш не ни бил јасен,сите оние сонови што никогаш не сме можеле да ги протолкуваме,е тоа е нашата потсвест,накратко.Секој од нас зазема еден мал дел од таа универзална моќ,а сите заедно ја правиме истата да биде толку силна и посебна,па ете оттаму доаѓааат и сите интелектуално и физички надмоќни луѓе ,затоа што тие луѓе гледаат за нијанса повеќе од сите останати. Духовното совршенство не доаѓа од работите и предметите кои може да ги видиме,совршеноста доаѓа од оние кои неможеме,ама зошто воопшто да трошиме време на нашиот внатрешен мир и хармонија,кон анализа на она што денес сме го направиле,кон анализа на сопствените постапки,тешко е,а да не зборам па да пробаме да се ставиме во туѓа кожа,е тоа е исто ко некој да ни рекол направи докторат за вонземските тела на Јупитер ,а и зошто,кога склоноста кон хедонизмот е секогаш на врвот ? Склоноста кон материјалното е секогаш над духовното,склоноста кон она што е опипливо е секогаш поголема отколку кон она што не е,а штом е тоа така, тогаш зошто веднаш не се прогласиме за неспособни за себекорегирање и во овој момент да престанеме со прашањето каде отидоа моралните вредности на овој народ,на оваа младина и генерално во светот,не сакам ни да помислам ,а не да го изговорам/напишам истото,во неповрат...Оптимист сум,ќе ги вратиме.И уште нешто,зошто толкава одбивност спрема психолозите и психијатрите ? Страв...страв да се биде откриен,страв да се биде ставен во тесно,каде мораш да се соочиш со тоа каков си,што си,и што ќе ти е сето тоа,кога и вака и онака си сосема убеден дека си незаменливо безгрешно совршенство .Секоја чест на логиката,штом си човек неможеш да бидеш совршен,можеш само да се стремиш кон тоа,ако сакаш секако,а се чудам од каде испадна целата таа нарцисоидност во нас,па да мислиме дека сме незаменливи.Жал ми е,не сме,никој не е, да поработиме на тоа,за сечие добро.
avatar
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

Преглед на профилот на членот http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот