Ние и хуманоста во нас

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Ние и хуманоста во нас

Пишување by angelovska elena on Пон Јун 06, 2011 2:00 pm

Многу луѓе велат дека со помагање на другите се чувствуват добро,при што често овие тврдења доаѓаат од искуството на оние кои веќе помогнале некому. Сепак, она што може да не го знаеме е дека постојат истражувања што покажуваат дека правeњето на вистинската работа за другите ни помага да ја направиме и вистинската работа за себе.Правењето на вистинската работа значи да се биде хуман и да му се помогне на човек кој се наоѓа во некоја незавидна ситуација,да се ​​биде со него како рамноправен член, рамо до рамо во знак на солидарност,што е важно многу повеќе отколку некој да се однесува и чувствува супериорно во однос на другите. Додека повеќето можеби чувствуваат потреба за да помогнат некому само за празници или некој посебен настан, да волонтираат или им помагаат на другите за време на одредена сезона,вербата во хуманоста укажува дека можеби ќе сакаме сите да го разгледаме прашањето да им се помогне на оние на кои што им треба помош 24 часа во денот,секој ден од годината,доколку сме во состојба да го направиме тоа успешно и на вистинскиот начин.Тоа е вистинската работа за да се направи за другите, а воедно тоа е и правото нешто да се направи за себе како добро. Со еден збор тоа е дупла добивка.Луѓето кои поседуваат и имаат здрава ментална хигиена,па дури и да е тоа привремено се далеку посклони да им помогнат на другите,отколку оние кои имаат некои психички нарушувања,што е и нормално бидејќи тоа е еден цел круг каде што никој на никого неможе да му помогне доколку тој самиот не се чувствува добро.Дали луѓето кои се алтруистички насочени се такви - затоа што тие се вистински алтруисти и несебични, или поради тоа што се добива некој вид на корист од секоја алтруистички-навидум насочена ситуација? Ова прашање е предмет на бројни истражувања од кои поголемиот дел го носат заклучокот дека право и вистинско алтруистично дело не постои,и самата помош, вложувањето на сопствените средства,финансиски,емотивни,какви и да се,за да му се помогне на некој друг,при што навидум изгледа, дека оној кој го вложува сето тоа не добива ништо за себе,сепак добива,а тоа е чувството дека направил нешто добро,при што можеби навистина не постои алтруистично несебично дело,но сепак е далеку подобро да се помогне на некој макар и по цена да си го задоволиме нашето душевно его како и да си потврдиме дека постои човечност во нас отколку воопшто да не се помогне.Религијата и психологија делат многу заеднички карактеристики, но она што добива многу малку внимание е идејата дека тие можат да ни помогнат да станеме подобри луѓе. Религијата може да не направи повеќе човечни како и повеќе да се грижиме кон другите,а психологијата може да се искористи со цел да се олеснат страдањата на луѓето. Накратко секој од нас што е роден на оваа планета и е човечко битие во себе ја носи хуманоста и човечноста да му помогне некому,а кога неможеме на никаков начин да помогнеме тогаш се обраќаме на некоја виша сила да ни помогне или да му помогне на другиот,што е уште еден начин на давање помош,самата молба упатена кон вишата сила е уште еден начин на изразување хуманост.Доволен е еден искрен збор да се утеши некој,доволна е една молба,доволна е самата искрена помисла и желба да се подобри благосостојбата на другиот.Денешниот тек на животот ни носи колку добри толку и лоши работи,но затоа и сме наречени луѓе затоа што без разлика на своите проблеми и тешкотии,способни сме да погледнеме околу нас,а не само за нас,способнии сме макар на само еден гест на хуманост и помош,потребно ни е само да го извадиме на површина она што веќе постои во нас,она што не прави посебни,а тоа е солидарноста и хуманоста.
avatar
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

Преглед на профилот на членот http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот