Видови психички нарушувања

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Видови психички нарушувања

Пишување by angelovska elena on Саб Мај 28, 2011 8:04 am

Во психичкиот живот на човекот може да се јават повеќе видови нарушувања кои според нивните основни карактеристики се групирани во три категории: психоневрози,психопатии и психози. ПСИХОНЕВРОЗИТЕ претставуваат релативно благи инарушувања на психичкото здравје,при што човекот чувствува непријатна емотивна напнатост и многу често користи одбранбени механизми.Психоневрозите може да се манифестираат во вид на повеќе разновидни реакции како на пример,анскиозна,хистерична,депресивна,фобична,опсесивно-компулсивна,хипохондрична и психосоматска реакција.Анксиозната реакција се јавува во вид на дифузна вознемиреност при што без да постои некоја конкретна причина личноста се чувствува растроено и незадоволно.При хистерична реакција може да дојде до психичка наглувост или пак психичка парализа и тоа без никакво органско нарушување.Депресивната реакција се карактеризира со константно чувство на помала вредност и во некои случаи потреба од самоказнување.Фобична реакција се манифестира на тој начин што стравот и вознемиреноста се врзуваат за некој конкретен објект или настан: затворен или отворен простор,вода,височина инт.При опсесивно -компулсивното нарушување се јавуваат бескорисни и стереотипни движења што психоневротичарот не може да ги контролира ,а мора да ги повторува за да задоволи некој внатрешен импулс кој неможе да го стави во контрола,кој е посилен од него.Психоневрозите се на се претставуваат послаби нарушувања на психичкото здравје така што и покрај тоа што постојат потешкотии во функционирањето на личноста ,таа не дејствува разединето,наполно е зачуван односот со реалноста и уште повеќе психоневротичарот ја користи околината за своја придобивка.ПСИХОПАТИИТЕ пак претставуваат дефекти во самиот развој на личноста,при што се јавуваат ненормални и нетипични однесувања што подолго траат.Психопатските заболувања можат да бидат од три вида на причини:нарушувања на структурата на личноста,нарушувања на цртите на личноста и социопатско нарушување.При нарушувања на структурата и цртите на личноста доаѓа до распаѓање на интегритетот на личноста,таа не функционира единствено и организирано,како последица на тоа може да се јават следниве реакции:претерана затвореност и автизам,крајна тврдоглавост во мислењата и ставовите,постојана сомничавост и љубомора,постојана промена на расположението,емотивна нестабилност итн.Социопатските нарушувања пак се јавуваат кај луѓе кои се неспособни социјално да се интегрираат во општеството.Обично кај овие луѓе причината за тоа лежи што во детството биле премногу чувствителни и срамежливи или претерано тврдоглави.Личноста со социопатско нарушување е најчесто незрела,неодговорна и некритична,се бори против секој вид на авторитет,сака да доминира,воспитно запуштена,склона кон криминал,итн.ПСИХОЗИТЕ пак претставуваат тешки психички нарушувања и тешка дезориентација на личноста,не постои комуникација со реалниот свет,личноста која страда од ова нарушување гради свој свет кој е наполно поинаков од реалниот така што и следствено на ова ваквата личност неможе соодветно да егзистира и функционира во реалниот свет.Психозите главно се делат во две групи шизофренија и манијакално-депресивно однесување,при што шизофренијата се карактеризира со нарушеен однос кон реалноста,идеи на прогонување,халуцинации,идеи на преувеличување на сопствената величина итн.Манијакално-депресивното нарушување се манифестира со константно наизменични промени на расположението од претерана веселост до претерана депресивност.Сепак сите видови психички нарушувања можат различно да се манифестираат кај секоја индивидуа или нивната изразеност да биде варијација од различни симптоми така што не е толку лесно да се утврди од кое психичко нарушување боледува една личност,како што и неможе врз база на еден или неколку симптоми личноста да се класифицира дека боледува од некое од наведените психички нарушувања.
avatar
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

Преглед на профилот на членот http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот