Eмотивна зрелост,емотивни нарушувања и контрола на емоции

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Eмотивна зрелост,емотивни нарушувања и контрола на емоции

Пишување by angelovska elena on Пет Мај 13, 2011 3:00 pm

Емоциите пред се,се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите,настаните и другите луѓе,но и неговиот однос кон самиот себе си кон сопствените постапки и доживувања.Човекот има можност да постигне емотивна зрелост кога неговите чувства нормално се развиваат во текот на неговиот живот.Човекот кој поседува емотивна зрелост ги поседува и следниве карактеристики.
1.Соодветност на чувствата-кај емотивно зрелиот човек чувствата секогаш соодвествуваат со настанот,тажниот настан предизвикува тажно расположение,а радосниот настан ведро расположение.
2.Контрола на чувствата-емотивно зрелиот човек знае како да управува со своите чувства,но тука мора да се додаде една забелешка дека и претеранота контрола на чувствата не е добра.
3.Богатство на чувствата-емотивно зрелата личност поседува огромна разновидност на чувства.
Емотивно незрелиот човек не ги поседува овие елементарни карактеристики,кај него тие често се менуваат од претерана депресија до претерана веселост,потиштеност,нервоза,страв,итн при што доаѓа и до невротски нарушувања кои знаат да се отстранат со психотерапија.Исто така,заради продолжено траење на овие силни чувства,емотивно незрелиот човек со време заболува од психосоматски нарушувања.Тие ги зафаќаат оние органи и органски системи кои работат под контрола на вегетативниот нервен систем,така со време може да дојде до следниве нарушувања;шеќер во крвта,астма.мигрена,висок крвен притисок,срцеви заболувања,неврози итн.Бидејќи причината за овие заболувања се од психолошка природа ( како и причините за многу други органски заболувања што лежат во основата на човековата психа и потекнуваат од таму ) тие се наречени психосоматски заболувања.Во денешницата најголем дел од населението страда од прилично непријатната емотивна состојба наречена анксиозност или општа вознемиреност,таа е позната скоро на секому,тоа е она непријатно чувство на несигурност и загриженост кое најчесто се јавува поради неизвесност и неможноста настаните да се предвидат.Се на се за да го зачува своето ментално а со тоа и своето физичко здравје човекот мора да научи да ги контролира своите чувства,иако се тие главно ирационални и независни од волјата,па така не е можна директна контрола,по пат на вежбање,може да се научи врз неа индиректно да се влијае.Во тоа може да помогнат следниве постапки:
1.Соочување со чувството-за да може со него човекот да управува пред се мора да си го признае постоењето на тоа чувство и пожелно е објективно да го разгледа зошто и од кои причини тоа чувство постои.
2.Одбегнување на ситуации што предизвикуваат силни емоции- наједноставно е човекот да не се изложува на ситуации кои кај него предизвикуваат непријатни чувства.
3.Ангажирање со активност-вишокот на енергија создадена со силно чувство треба да се насочи или искористи за некоја сосема друга и полезна активност.
4.Оптимизам и хумор-човекот се брани од непријатните чувства со откривање на ведрата и смешна страна на непријатниот настан,при што тука не зборуваме за хуморот како одбранбен механизам туку за водење од помислата,,во секое зло има и по нешто добро,,.
5.Физичка релаксација-бидејќи емотивната релаксација секогаш е проследена со физичка напнатост на определена група мускули,вежбите за физичка релаксација ќе доведат и до емотивна релаксација како на пример автоген тренинг,медитација,итн.
avatar
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

Преглед на профилот на членот http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот