Психолошки развој на првата импресија во социјалната интеракција

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Психолошки развој на првата импресија во социјалната интеракција

Пишување by angelovska elena on Пон Мај 02, 2011 1:30 pm

При запознававањето на други луѓе и нивно оценување се наидува на голем број проблеми,при што пред се треба да се воочи најбитното во однесувањето на непознатиот,а потоа да се вообличи во целосна слика-во просечна оцена за него.Таа прва вообичаена оценка ја претставува првата импресија за соодветната личност. Процесот на формирање на прва импресија зависи од голем број фактори:од сопствените чувства на симпатија или антипатија кон непознатиот,од неговата физичка привлечност како и од голем број на други моменти,кои не би требало да имаат толку големо влијание ,но сепак го имаат.Токму поради тоа првата импресија често се донесува пребрзо и врз основа на мал број познавања и податоци за личноста.Испитувањата на психолозите покажале дека физичката привлечност е особено значајна при формирањето на првата импресија,при што физички привлечните луѓе секогаш се прифаќаат со поголема симпатија.Аристотел во своето дело ,,Реторика,, пишува:,,Пријатели се оние што истите работи ги оценуваат како добри и истите како лоши,кои се пријатели на исти луѓе и непријатели на исти луѓе...ние ги сакаме само оние што ни се слични и што се залагаат за исти работи.Ги сакаме оние што ги сакаат истите работи како и ние... ".Овие зборови на Аристотел се препознаваат во нашата народната изрека ,,секоја птица лета кон своето јато,,.но како опозитет постои и она ,,спротивностите се привлекуваат,,па се поставува прашањето,што е точно ? Психолозите сметаат дека во првиот период на познанството е особено значајна сличноста помеѓу луѓето ,да имаат слични ставови,идеи,мислења,итн,при што најчесто сме наклонети кон оние за кои мислиме дека ни се и нас наклонети.Секако најинтензивна наклонетост е чувството на љубов,при што чувствата на љубов и пријателство се едни од најсложените човекови емоции.Во вториот период на познанство до израз доаѓаат други моменти од кои пред се комплементарноста меѓу личностите,при што колку тие повеќе меѓусебно се надополнуваат,толку повеќе изгледи има дека тоа пријателство ќе трае.Теоретски сето ова ја носи целата логика како се одвива една интеракција помеѓу две поединки,но праксата е далеку посложена,каде првата импресија се создава не само врз база на она што двете индивидуи го воочуваат една врз друга туку голем фактор и придонес за формирање на мислењето има и општеството,дали е тоа мала околина или поголема,односно таканаречените денешни,,трачеви,,кои во 21 век и тоа како влијаат врз формирањето на првата импресија за другата особа,така што после сите наведени фактори кои го комплицираат формирањето на првата импресија,заклучокот е следен,секогаш да се земат сите аспекти на осознавање на останатата особа,при што самоволно,со сопствен разум и мислење без да влијае било каков фактор( колку што е можно) да се оформи впечатокот за останатата особа,при што дури и некои од факторите да влијаат,дијалогот и отвореноста е секогаш најдобриот начин едно пријателство да опстане,доколку истото е посакувано од двете страни.
avatar
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

Преглед на профилот на членот http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот