,,Емоционални вампири,,

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

,,Емоционални вампири,,

Пишување by angelovska elena on Вто Апр 19, 2011 1:08 pm

Терминот "Емоционални Вампири" е само една метафора за личности кои се хранат од енергијата на другите личности. Оние кои ја имаат оваа етикета имаат карактеристики кои се типично класифицирани како точка на нарушувања на личноста. Емоционалните вампири можат да се претворат во она што другите сакаат да го видат, но само доволно долго за да ја привлече жртвата и падне под нивно влијание.Тие имаат многу мала идеја за тоа кој или што тие навистина се, тие само знаат што сакаат.
Нивните сфаќања се на високо свесно ниво, манипулативно ускладени со нивната емоционална нестабилност при што нивната внатрешност е исполнета со празнина,конфузност,нерационалност,отсуство на емпатија итн.Нивната нарцистичка природа ги тера да веруваат дека нивните потреби се поважни од било што друго на светот и овие детски,инфантилни потреби совршено се вклопуваат во конструкцијата на метафората ,,Емотивни вампири,,. Во текот на нивните животи, тие се гледаат себеси како жртви на судбината и непредвидливоста на другите при што за нив нешто се случува и тие само реагираат на тоа нешто,така што, тие никогаш не учат од сопствените грешки.Емоционалните Вампири не се типични луѓе,но се верува дека тие се соочуваат во нивната животна средина, на ист начин како и обичните луѓе со ист интензитет на моторика и координираност во средината но само навидум, бидејќи за нив нема социјални правила што следат, нивните потреби се секогаш на прво место (тие се предатори), правилата не важат за нив, никогаш не е нивна вина, тие се нетрпеливи и сакаат работите да се случат сега и овде.Емоционалните вампири се опасни, бидејќи максимално ја исцрпуваат другата личност со своите себични потреби, и (поради немањето интегритет) нема да превземат одговорност за своите постапки. Тие ќе ја збунат нивната жртва со полу-вистини и манипулација така што и самата жртва нема да е свесна дека е жртва на ,,емоционален вампир,, тие често провоцираат силни и итни реакции, и позитивни и негативни. Тие се најдобри или најлоши, ретко нешто помеѓу.Овие луѓе се секаде околу нас и најдобро се препознаваат по тоа што секогаш имаат некоја потреба од останатите,секогаш се во некоја незавидна положба и им треба некоја помош,но сето тоа е само маска,на овие луѓе се што им треба е енергијата од останатите за да можат да ја нахранат својата душевна празнина.
avatar
angelovska elena

Female Број на мислења : 15
Местолокација : Skopje,R.Macedonia
Registration date : 2011-04-04

Преглед на профилот на членот http://www.umarmen,mk

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот