Кламатската алга во прехрана на децата

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Кламатската алга во прехрана на децата

Пишување by bube on Чет Мар 18, 2010 10:58 am

Кламатската алга во прехрана на децата

Здравјето на нашите деца е приоритет во светот. Нарушување на нивното здравје ја пореметува човековата рамнотежа. Најголема грижа чувствуваме кога децата често се разболуваат, кога не учат, кога често се лутат или се плачливи... Се обидуваме да го поминеме секој слободен момент со нив, повеќе да разговараме, да ги разбереме нивните проблеми, да ги храниме што поквалитетно, за животот да им биде полесен, порадосен, посреќен...
И покрај сé децата се сé пооптеретени, несфатени и болни. Сé почесто децата, уште за време на доењето, имаат проблем со слаб имунитет, чести инфекции, алергии, подоцна со пореметување на однесувањето, хиперактивност, агресија и слаб успех во училиште.
Направени се многу истражувања со деца кои имале послаб успех во училиште или проблеми во однесувањето. Се открива дека децата со такви проблеми редовно имаат недостаток на некој од важните минерали и витамини во организмот. Значи, дека покрај сите досега познати причинители (генетика, лошо одгледување, траума) голема улога кај таквите проблеми, кои инаку не би се развиле, има исхраната, поточно, - неадекватната исхрана.
Кога тие деца се хранеле со квалитетна храна и со додаток на Кламатската алга резултатите биле забележително подобри: однесувањето било помалку агресивно, оценките во училиште се поправиле, децата биле помалку склони на настинки и други болести.
Познато е дека храната е загадена со пестициди и хербициди, третирана со хормони и антибиотици, а земјата е исцрпена во својот состав, што значи дека храната која ја јадеме не содржи доволно нутритивни елементи кои би требало да ги задоволат зголемените потреби на децата во раст и развој. Од друга страна, и децата се под постојан стрес, со сé поголемите емоционални и психички оптеретувања. Сето тоа засилено ги троши нутриентите кои ги внесуваме во нашиот организам или кои веќе се вградени во нашето тело. Затоа сé почесто посегнуваме по додатоци во исхраната во облик на витаминско - минерални додатоци кои обилно ни се нудат на рафтовите во аптеките и продавниците. Но, често тие вештачки комбинации нашиот организам тешко ги препознава па поголемиот дел од сето тоа се излачува од нашиот организам несварено и неискористено.
И затоа е вистинско освежување појавата на модрозелената Кламатска алга на нашиот пазар.





По што е Кламатската алга посебна, поинаква од другата храна и витаминско - минералните додатоци?

Кламатската алга е храна, потполно природна, без обработки и додатоци.
Расте диво во Кламатското Езеро во природен национален парк кој е потполно заштитен од загадувачите на човековата цивилизација. Езерото кое се наоѓа на високите каскадни планини во Орегон (Северна Америка), има вулканско потекло и оттаму богатството со минерали. Изобилството од сончеви денови во текот на летото овозможува висок процент на хлорофил.
Овој микроскопски организам содржи широк спектар на витамини, минерали, сите есенцијални амино киселини кои телото ги апсорбира целосно - процентот на усвоивост за човечкиот организам е чудесни - 97%. Ниту еден друг прехрамбен продукт на светот не содржи толку висок процент на Б-витамините, особено витаминот Б12, што овозможува изразито подобра работа и постабилна функција на целокупниот нервен систем.

Што за сето ова покажува праксата, особено за здравјето на нашите деца?

Децата со редовно земање на алги во секојдневната исхрана изградуваат и одржуваат силен и отпорен имунолшки систем, постигнуваат подобар успех во училиште и помалку се склони кон девијантно однесување.
Токму таа карактеристика на Кламатската алга била поттик за користење во секојдневната исхрана на децата во јапонските училишта. Во Јапонија алгите традиционално се користат во исхраната, но поради специфичните карактеристики на Кламатската алга (АФА), државата посебно го препорачува и го субвенционира нејзиното користење во секојдневната исхрана на децата.

Нема возрасни граници за нејзино користење.

Алгата можете да им ја давате на деца стари неколку месеци, па се до длабока старост. Постојат препорачани количини, но не можете да згрешите ни со помали ни со поголеми количини: да му дадете на детето дури и помала количина алги значи дека сте направиле нешто добро за него тој ден, а тоа сигурно ќе ве направи среќни и вас и него.

Дали вашето дете појадувало или не, дали изело доволно и што изело за појадок?

Научете го своето дете дека алгата е природна храна која му помага да биде здраво. Така, веднаш наутро нека изеде алги за појадок, во сок или во капсула. Детето ќе биде позадоволно тој ден, а вие помирни.
Можеби тогаш детето вас ќе ве научи утринското кафе да го замените со оброк од алги - ќе се чувствувате многу подобро.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот