зачини како лек....

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

зачини како лек....

Пишување by bube on Пет Јан 08, 2010 8:35 am

Зачини и зачински билки и нивната лековита моќ
Зачините и зачинските билки имаат многу лица. Со зачините и зачинските билки ги менуваме мирисот, вкусот и бојата на јадењата. Зачините ги прават препознатливи националните и регионалните кујни. Во минатото биле привилегија само на богатите кои овие ароматични тревки ги плаќале со свила и злато. Со текот на времето станале достапни на сите луѓе, за да некои од нив станат клучни симболи на некои национални кујни.

Зачините имаат и психолошки својства, го подигаат расположението, го поправаат карактерот, не само на јадењето туку и и на личноста која го консумира.Лутите зачини не само што го загреваат телото, туку ја греат и ,,душата,,.Некои луѓе велат дека ја поттикнуваат љубовта (тоа е поради афродизијачките својства), дека имаат магични својства (ароматични материи) итн.

Зачините немаат готово никаква калориска вредност, така да можат да се користат за да се оплемени безвкусната диетална храна. Многу од нив, воглавном поради влијанието врз метаболизмот, во колку се конзумираат во правилни количини, се лековити. Некои пак со векови се познати како афродизијаци...

И конечно начинот на користењето на зачините може да открие нешто и за карактерот на оние кои го употребуваат. Вештината на зачинувањето бара, наиме познавање на зачините и со нивно комбинирање може да се постигнат многу благодети за организмот на човекот, како превентива од заболувања дури и подобрувања до излекување на одредени заболувања.

Зачините и зачинските билки често имаат лековити својстава. Од овој аспект по азбучен ќе ви ги претставиме зачините кои најчесто ги употребуваме во исхраната, но и нивното лековито дејство врз организмот. Во гастрономијата зачините се поделени на зачински билки и ориентални зачини.



Зачински билки

Анис (анасон), се користи и листот и семето за колачи, теста, ликер, ракија, за зачинување на риба, пилешко месо, го подобрува варењето, го намалува ,,надувувањето,, на дигестивниот тракт, (затоа е често присутен во чајчињата за бебиња против грчеви), ја ублажува кашлицата и главоболката, ги смирува воспалителните процеси.

Лукот делува како антисептик, против настинка, кашлање и бронхитис, инфекции во органите за варење. Ги прочистува крвните садови и го снижува крвниот притисок.

Босилокот свеж или исушен, се употребува листот за салати, супи, јадења со зеленчук особено со патлиџанот, за сосови, преливи. Кај варените јадења се додава пред крај поради вкусот кој е поизразен. Босилокот смирува, опушта и успива. Афродизијак. Го поттикнува лачењето на стомачните сокови со што го забрзува варењто и го предизвикува апетитот.

Жалфијата е ароматична билка со пријатен мирис и помалку горак вкус. се користи како додаток на сосови, јадења од јагнешко и свинско месо. Во специјалитетите од Средниот Исток како додаток во ќебапот. Жалфијата се смета за една од најлековитите билки. Еден од најголемите детоксикатори на организмот, ја прочистува крвта, го подобрува варењето, ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и нервната напнатост, има антисептичко дејство.

Копарот е медитеранска билка, кој се става во салати, сосови.. Го олеснува варењто и го поттикнува апетитот.

Кимот е особено присутен во германската и скандинавката кујна. Се додава во пекарски производи, сирења, јадења од дивеч. Семето е богато со протеини и се препорачува како додаток на тешките јадења бидејќи го олеснува варењето и ослободува од надуеност.

Коријандерот е еден од најстарите зачински билки, со потекло од југоисточна Европа,дури се споменува и во библијата, во книгата за Мојсеј. Се користи како додаток и на солени и на слатки јадења. Го има во кари зачинот. Лековито дејство, го подобрува забрзува варењето на храната.

Ловоров лист се додава во варените и печените јадења.

Ловорот го одбива инсектите, така добро е да го ставите во садовите со брашно, на пр. Ловоровата тинктура е одличен народен лек за повредени тетиви, исчашувања, реаума, истегнувања на мускулатурата како и кај парализираност за масажа.

Магданос, најпозната и најмногу користена зачинска билка со многу разноврсна примена. Може да се користи практично во сите јадења. Најдобро е кога се додава на крај од припремата на јадењето или како декорација за да се зачуваат сите лековити својства. Магданосот е богат со витамин А, Б1, Б2, Ц и Е. Го намалува притисокот, диуретик го засилува исфрлањето на течности, што значи го чисти организмот од токсини, ги смирува нервите, ги ублажува болките особено менструалните.

Мајоран, една ароматична билка која освен неверојатниот вкус кој го дава на печените меса, во комбинација со босилокот на печениот компир, и е една од украсните билки на дворовите. Лесен чај од целата билка извонредно помага во лечње на цревните гржеви кај децата. Појак чај се користи само кај возрасни како помошно средство при жолтица, тешкотии со црбиот дроб, надуеност, проблеми со желудникот итн.

Мајчина душица, билка која самото народно име покажува колку е омилена со векови кај нашиот народ. Се користи како зачин, конзерванс (природен конзерванс за правење на колбаси), атисептичко средство. Кај нас со векови се употребува , пред се како лек за органите за варење.(сите стомачни проблеми) како и лек за намалување на нервната напнатост. Мајкината душица се дава и против цревни паразити особенокај дечјата глиста (ascaris lumbricoides).

Мелиса, билка на која листовите имаат мирис сличен на лимонот, затоа уште ја викаат лимон трава.Се додава во маринирање на риба, во сосови,..

лековито дејство, мелисата има содржина на голема количина на витамин Ц, со што ја зајакнува и отпорноста на организмот. Го поттикнува варењето, ги смирува нервите, го подобрува сонот. Чајот од мелиса е одличен седатив.

Миродија зељаста билка со изразит освежувачки мирис, се додава во многу јадења, а лековитоста е изразена во појачувањето на работата на бубрезите, ги ублажува грчевите во стомакот, го зајакнува имунитетот. Богата е со витамин Ц.

Нане се додава во масните и тешки јадења го олеснува варењето. Во ликери сладоледи,итн. Во македонската кујна се додава во грав, кој е високо протеински и со додатокот на нане се избегнува тешкото варење. Лековито дејство- има благо седативно дејство, го поттикнува апетитот и ги ублажува стомачните тегоби, особено е делотворно кај жолчните тегоби. При дијареи, е првато прирачно средство кое се наога во секое домакинство.

Оригано е сродник на мајоранот, обавезно е во италијанската кујна. Одлично средство против воспаление на дишните патишта, настинки, главоболка, состојба на измореност, а поддеднакво го поттикнува варењето, отвара апетит и смирува желудачни тегоби.

Рен е корен кој има двократна поголема содржина на витамин Ц од лимонот, витамини од групата на Б, калиум, калциум, антибиотски состојки и етерично масло кое делува антибактеријски, го спречува залепувањето на крвните плочки(тромбоцитите), ја подобрува дигестијата. Тој е рубифациент, те ја загрева кожата, ги шири капиларите, ја зголемува прокрвавеноста со тоа ги ублажува болките кои настануваат при артритис. Добар е против инфекции, кај дијабетичарите одличен додаток како зачин, затоа што помага при нарушувањата на функционирањето на панкреасот.

Рузмарининот како зачин е добро познат. Во кулинарството се користи за припрема на риба, печења од месо, печен компир, чорби. Нешто помалку е позната неговата улога во козметиката и народната медицина. Жбунот од рузмарин е многу декоративен. Лековити се пред се листовите, особено кај таканаречените женски заболувања, потоа болестите на крвотокот и ревматските заболувања.

Целер, како зажин се користи коренот и листовите. Листот има широка примена исто како и магданосот. Лековитоста се изразува со тоа што го снижува крвниот притисок и ги ублажува ревматските тегоби.

Чубрица, зељаста ароматична билка. се употребува како зачин особено кај масните јадења, особено кај јадењата со махунарки како што се грав, грашок, леќа.. Лековито дејство- го зголемува лачењето на стомачните сокови, ја ублажува надуеноста, го прочистува организмот, ги ублажува тегобите на органите за варење. Кај нас во Македонија особено имаат традиција за примена на овој зачин во Малешевскиот крај.



Ориентални зачини

Црвениот пипер (алева пиперка), кој го користиме во запржување на јадењата) е богат со витамин Ц и каротин, има дезинфекционо и стимулативно дејство.

Бибер, најпопуларниот зачин без кој не може да се замисли ниедна кујна, по потекло е од Индија. Одсекогаш зрната бибер биле ценети, што своевремено бил заменуван за пари.

Најдобро е биберот да се мели пред употреба (цели зрна).

Лековито дејство- го зголемува излачувањето на стомачните сокови, со тоа го олеснува варењето особено на тешката храна, а стимулативно делува и на крвотокот. Надворешно делува рубифациентно,(загрева, подобрува циркулација).

Ѓумбирот потекнува од тропските краеви на Азија. Се колристи како зачин за печурки, месо и риба, ориз, колачи. Лековитото дејство се состои во поттикнувањето на лачење на стомачни сокови, има антисептичко дејство, ја смирува кашлицата и настинката. Познато е дека чајот од ѓумбир ги намалува утринските мачнини кај хормонските промени во текот на бременоста и менопаузата. Доволна е една шоља од овој чај наутро на глаадно, а потоа во текот на денот пијте чај од нане и вашиот проблем со мачнината ќе изчезне.

Каранфилче - исушени цветно пупки од тропското дрво, со пријатен мирис сличен на каранфил. Во минатото многу користен во слаткарството , но денес се помалку. Лековито својство се смета дека каранфилчето делува антисептично. Проверено помага кај забоболката и воспаление на непцата, треба да се изџвака каранфилче и болката ке се намали.

Морско оревче - плод на тропско дрво со потекло од Молучките Острови, кое изрендано се додава на слатки. Лековито деејство, го олеснува варењето, делува против дијареа и мачнини, а има и благо смирувачко дејство.

Цимет е ароматична кора на тропско дрво со црвена боја, со пријатен мирис и вкус. Се додава како кора или во прав во слаткарски производи. Лековито дејство- изузетно ја подобрува циркулацијата. Некои понови истражувања на американски научници откриле дека конзумација само на пола мало лажиче цимет дневно ја намалува концентрацијата на шеќер во крвта кај дијабетичарите бидејќи активните состојки на комлексот на олигомери те катехин и епикатехин во циметот го активираат инсулинот и делуваат заеднички со инсулинот. Експериментало е докажано дека ја снижува и количината на мастите и лошиот холестерол во крвта. Циметот има и фунгицидно дејство, ги уништува гљивиците и го спречува нивниот раст.



Берење и чување на зачинските билки

Некои зачински билки можете и самите да ги наберете во бавчите или во природа. при тоа важно е да знаете некои основни правила кои обезбедуваат безбедна примена на зачинте.Се берат само здрави и чисти билки, никако оние кои растат покрај патишта, железнички пруги или покрај населби затоа што е секогаш загадено од прашина, загадениот воздух,итн. Исто така ако се оштетени листовите или имаат некое габично заболување не се употребуваат. Најдобро е зачинските билки да се берат по суво, топло и сончево време. Никако после дожд или со роса. Набраните билки треба да се исушат или конзервираат на некој друг начин. Сушењето никогаш не треба да е на директно сонце. Исушените билки се чуваат во добро затворени метални кутии или обоени стаклени тегли, поголеми количини може да се чуваат во повеќеслојни хартиени кеси. Се чуваат на ладно, суво и темно место. Сончевата светлост штетно делува на повеќето исушени билки, им ја менува природната боја и ја намалува аромата. Сушените билки можат да се користат најдолго 4-6 месеци, подоцна од тоа го губат квалитетот и аромата. Зачинските билки можат да се чуваат свежи неколку дена во фрижидер. Едноставно добро ги измијте, истресете ги од вода и ставете ги во пластична кутија и потоа во фрижидер. Зачинските билки можат да се замрзнат и така можат да траат подолго и од 6 месеци. Измијте го, ставете ги во калупи за мраз, додајте одозгора малку вода, замрзнете. Потоа коцките мраз со зачини ставете ги во пластични кеси и чувај те ги во замрзнувач. Некои видови како што се магдоносот, мирудијата, целерот и босилокот успешно се чуваат во сол. Треба ситно да се исецкаат и измешаат со сол во размер 20 г сол и 10 г билки, да се смести во стаклени теглички, добро се затвараат и се чуваат во фрижидер.



Од некои зачински билки може да се припремаат чаеви.

Чајот од рузмарин општо го зајакнува и поттикнува функционирањето на организмот, т.е особено пробавата, разбудува, ја ублажува надуеноста, а чајот од мајчина душица ја смирува психичката напнатост, ги ублажува симптомите на грипот, отвара апетит, ја поттикнува пробавата на тешки и масни јадења, го поттикнува мокрењето, делува антисептично на мокрачните патишта. Чајот од босилок ја ублажува главоболката, смирува и го поттикнува спиењето, а чајот од жалфија го ублажува уморот и главоболката, ги смирува воспаленијата на забното месо, помага при навалите на вруќина во менопоаузата.



Примена на зачинските билки во ароматерапијата и козметиката

Купките од лаванда смируваат, ги опуштаат мускулите, ја чистат кожата, делуваат антисептички, го поттикнуваат излачувањето на штетни материи, ги ублажуваат болките и главоболката, и го поттикуваат спиењето. Исто така ги ублажуваат менструалните тегоби и настинките.

На ист начин, во растурен облик, или во јастучиња со исушена билка се припремаат купките за сите видови купки. Или ако немате билки еднодтавно се додаваар 5 капки етерично масло во водата за бањање. Пр. купката од сушени листови на рузмарин оживува и стимулира, ги ублажува болките во мускулите и зглобовите, ја подобрува циркулацијата.

Купката пак од мајчина душица ја дезинфицира кожата, го ублажува воспалението на дишните патишта, напнатоста во мускулатурата, додека купката од босилок релаксира и освежува, и исто ја ублажува напнатоста во мускулите. Купката од жалфија го отстанува уморот, го зајакнува организмот, помага во лечењето на гљивичните заболувања на кожата, и го смалува потењето и воспалителните процеси.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот