MANUKA prirodna KOZMETIKA- zdrava kozmetika

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

MANUKA prirodna KOZMETIKA- zdrava kozmetika

Пишување by bube on Пет Јан 08, 2010 7:49 am

Природна Козметика за нега на кожата
Вистинската убавина доаѓа одвнатре - но добрата нега и помага на кожата вистински да заблеска. Затоа ние креиравме делотворна и лесна за употреба козметика за природно чиста и здрава кожа. Длабоката почит кон природната мудрост е суштината на асортиманот на нашите производи - специјално создадени со Новозеландски активен Манука мед (New Zealand’s Active Manuka Honey ) и Манука масло (Manuka Oil) и најчисти ботанички состојки.

Природната козметика ги враќа хармонијата и балансот на Вашата кожа. Тоа се постигнува без потреба од јаки хемикалии или комплицирани производи и процедури.
Едноставно природна - со само три клучни состојки
Манука мед
Овој извонреден мед нежно ја ревитализира кожата, ја стимулира обновата на клетките, ја хидратизира кожата и ја задржува влажноста без чувство на масна кожа. Нашиот активен мед со највисок квалитет, внимателно се собира во време кога е со најголема моќ, за да ја озрачи кожата со здравје!
Манука масло
Есенцијалното масло нежно е исцедено од лисјата на автохтоно Манука дрво. Го избравме ова масло поради неговите единствени антибактериски својства, за да помогне кожата да се одржи чиста, ослободена од бактерии и оштетувања.
Tocopherol - природен витамин Е
Овој антиоксидант, кој лесно се апсорбира, се нарекува „витамин за кожата“ заради способноста да ја заштити кожата од слободните радикали и од последиците на стареење. Со правилна употреба, тој прави чуда кај лузните и дехидрираната кожа. Етички се извлекува од генетски немодифицирани (non-GMO) зрна од соја.
Систем на Природна козметика

Чекор 1: чистење………
Манука гел за чистење
За масна и нормална кожа - 100ml
Овој благо пенлив гел чисти и прочистува длабински без да ја намали природната влажност на кожата. Создаден е од активен Манука мед и од единствениот антибактериолошки квалитет на Манука маслото, за да ги прочисти порите што е можно повеќе и да ја направи кожата перфектно мека и избалансирана.

За оптимални резултати: наутро и навечер, растворете малку во дланката со вода, за да се направи пена, потоа - неколку секунди со нежно масирање втријте го во кожата. Добро исплакнете со млака вода и повторете ако е потребно. Потоа употребете Манука гел за тонирање.

Манука гел за чистење
За нормална и сува кожа - 100ml
Овој хранлив кремаст гел ја прави кожата чиста и свежа без чувство на затегнување или дехидрираност. Активниот Манука мед смирува и ја задржува влажноста, додека Манука маслото овозможува кожата да биде прочистена и мека.

За оптимални резултати: наутро и навечер нанесете мало количество на лицето и неколку секунди со нежно масирање втријте го во влажната кожа. Добро исплакнете го со млака вода или отстранете го со вата натопена во топла вода, а после тоа употребете Манука гел за тонирање.

Чекор 2: тонирање………
Манука гел за тонирање
За сите типови на кожа - 100ml
Тонирајте ја и освежете ја исчистената кожа со активниот Манука мед, кој има смирувачки ефект со извонредните антимикропски квалитети на Манука маслото. Овој благ гел, што не дозволува сушење на кожата, е убаво избалансиран, за да ги прочисти порите и да и овозможи на кожата да биде сјајна и здрава.

За најдобра нега: наутро и навечер, по чистењето, нанесете го на лицето и вратот, одбегнувајќи ги очите и подочниците, - ќе почувствувате суптилен тонирачки ефект. Оставете го да се исуши околу 30 секунди пред да ја нанесете Манука мед кремата, како и обично.

Чекор 3: нега на очите………
Манука мед крема за очи
За сите типови на кожа - 10ml
Како прозорци на душата, очите можат први да ги покажат знаците на стареење. Употребувајќи ја оваа блага, смирувачка крема со активниот Манука мед и моќниот антиоксидант Tocopherol, можете да го одложите појавувањето на брчките и да ја зачувате еластичноста на кожата на оваа деликатна област.

За најдобри резултати: секое утро и вечер со тапкање нанесете мало количество околу очите со средниот прст, масирајќи во правец на носот.

Чекор 4: навлажнување ………
Манука мед дневна крема
За масна и нормална кожа - 50ml
Блага и брзо апсорбирачка, оваа избалансирана крема ја омекнува кожата и ја задржува оптималната хидратација без чувство на масна кожа. Кожата е навлажнета и заштитена со успешната мешавина од активниот Манука мед, Манука маслото, моќниот антиоксидант Tocopherol и чистите ботанички растенија, за да ја зачуваат еластичноста на кожата, да се заштити од штетните слободни радикали, а со тоа да се одложат првите знаци на стареење.

За најдобри резултати: секое утро, откако сте нанеле Манука гел за тонирање, нанесете количество со големина на бисер на лицето и вратот.

Манука мед дневна крема
За нормална и сува кожа - 50ml
Со природниот извонреден активен Манука мед, оваа богата, хранлива крема штити од дехидратација и огрубување на кожата и ја зголемува еластичноста и чистотата. Високо ефективната мешавина од ботанички масла и Tocopherol, нежно ја збогатува кожата и се бори со слободните радикали, кои можат да ја оштетат и да доведат до првите знаци на стареење.

За да се обезбедат најдобри резултати: секое утро по чистењето и тонирањето, подолго масирајте ги лицето и вратот со кремата.

Манука мед ноќна крема
За масна и нормална кожа - 50ml
Оваа лесна и немасна крема прави чуда преку ноќ, враќајќи и го неопходниот баланс на влажност на Вашата кожа. Комбинацијата од активниот Манука мед и уникатните антимикропски квалитети на Манука маслото, ја прави кожата чиста, мазна и сјајна.
За максимална корист: секоја вечер по нанесувањето на Манука гелот за тонирање, нанесете количество со големина на бисер на лицето и вратот.

Манука мед ноќна крема
За нормална и сува кожа - 50ml
Оваа длабоко хранлива крема ја надоместува загубата на влажност во текот на денот. Збогатена со активен Манука мед, антимикропско Манука масло и ботанички состојки, помага за зголемување на еластичноста на кожата и за нејзино освежување, додека спиете.
За максимална корист: секоја вечер, по чистењето и тонирањето, нанесете мало количество на лицето и вратот.

Манука крема за раце и тело
За сите типови на кожа - 100ml
Вашата кожа лесно ќе го апсорбира уникатното Манука масло и ботаничките состојки од овој богат и смирувачки третман за тело - ќе ја направат кожата на телото мека и убаво заштитена.
За најдобра нега: нанесете ја кремата на рацете и на телото по туширањето, обрнувајќи особено внимание на лактите и петите.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот