ФЕА во АФА алгите

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ФЕА во АФА алгите

Пишување by bube on Сре Апр 22, 2009 8:26 pm

Подобрување на расположението
Фенилетиламината хипотеза за афективното однесување тврди исто таkа дека ФЕА е невромодулатор кој ги модулира расположението, вниманието и насоченоста кон задоволно однесување и либидо. Недостаточните нивоа ФЕА во мозокот и /или смалувањето на присуството на ендогенот ФЕА може да биде причина за некои форми претклинични депресивни состојби. Земањето ФЕА преку уста може да ги зголеми нивоата ФЕА во мозокот и да ги олесни претклиничките симптоми на депресијата. Луѓето тогаш доживуваат еден повисок квалитет на живот и подобрување на расположението.
За прекурсорот на ФЕА фенилаланинот (ФА) е докажано дека ја зголемува содржината на ФЕА во мозокот кај експерименталните животни. При едно истражување се покажа дека фенилаламинот е ефективен за олеснување депресија кај пациенти со ниско ниво на фенилацетатна киселина (ФАК) во урината екскреција. Освен тоа, фенилаланинот доведува до зголемување на исфрлањето фенилацетатна киселина со урината што ги придружува неговите антидепресивните терапевтски дејства. Тоа покажува дека неговите антидепресивни и повишувачки на расположението дејства, може да се сврзат со способноста да ги зголемува нивоата на ФЕА во мозокот.
Сите овие факти јасно ги објаснуваат физиолошките механизми за добро познаните ефекти на АФА врз вниманието, умствената енергија и општиот квалитет на животот.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот