Афа алгата - чудесна храна

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Афа алгата - чудесна храна

Пишување by bube on Вто Апр 21, 2009 1:19 pm

Афа алгата - чудесна храна

Човековиот организам црпи енергија најмногу преку правилна исхрана, а тоа значи да се храни со:
- одлично избалансирана храна, според хранливите состојки,
- незагадена,
- нетоксична,
- природна, без хемикалии.

Според научните сознанија овие карактеристики ги содржи дивата кламатска алга-AFA (Afanizomenon flos-aquae), или т.н. синозелена слатководна алга. Оваа алга, која според нутриционистите, биолозите, хомеопатите, лекарите се нарекува „зелена храна“ или „храна на иднината“, човековиот организам ја искористува скоро целосно, зашто претставува природен извор на есенцијални аминокиселини, ензими, минерали, виамини, бетакаротин, антиоксиданти, хлорофил, и други драгоцени хранливи состојки.
Најмала количина на АФА-алгата како додаток на секојдневната исхрана има благотворен ефект на нашето здравје. Луѓето од целиот свет редовно ги вклучуваат алгите во својата прехрана.  
Алгите претставуваат најстара форма на живот, ја сочинуваат 80% од биомасата на земјината топка, го создаваат кислородот и претставуваат храна за сите жители на Земјата. Алгата ја има во сите води на Земјата и е најиздржливиот жив организам. За среќа, алгите како извор на храна се неисцрпни, а нивната експлоатација не ја загрозува еколошката рамнотежа.
АФА-алгата расте во планинското езеро Горен Кламат (Орегон, САД) во близина на планинскиот врв Шаста (4317м) – енергетски центар со планетарно значење, меѓу вулкански планини, на висорамнина со површина од 6000 км ². Во езерото се влеваат седумнаесет чисти реки и геотермални извори, кои годишно нанесуваат 50 000 тони талог богат со минерали; затоа, езерото се смета за  најбогато со минерални соли на Земјата и е едно од еколошки најчистите езера кое создава 10 000 тони микро алги (АФА-алгите) секоја година.

Основните карактеристики на АФА-алгата како храна за човекот се:

1. Исполнува со енергија, - зашто, езерото во кое што растат, е единствено според своите природни услови (беспрекорно чисто, богато со минерали, на надморска висина 4000 м), овозможува да се создаде жив организам кој е синтеза на космичката со земјината енергија, или како што најчесто се вели – алгите се материјализирана сончева енергија.
2. Го зголемува имунитетот, - зашто, има силно имуностимулативно дејство, а со неверојатно силното антиоксидантно својство (содржи физиолошки активни состојки како фикопигменти, антиоксиданти, ензими, хлорофил и т.н.) делува антиканцерогено и претставува природна заштита од радијација.
3. Го стимулира мозокот, - зашто, АФА-алгата е еликсир за мозокот и супер гориво за нервниот систем; ги зајакнува умствените способности, ја зголемува меморијата, ги балансира левата и десната хемисфера на мозокот, ја засилува интуицијата, ги развива креативните способности, го регулира сонот, со еден збор ги обновува мозочните клетки и ја олеснува меѓуклеточната размена.
4. Ја засилува крвта, - зашто, АФА-алгата е:

- најбогат извор на железо и во тој однос многукратно го надминува месото без да ја содржи неговата токсичност. Железото од АФА-алгата е во органска форма, и лесно се апсорбира од човековиот организам;
- исклучително богата со хлорофил; по структурата на молекулата алгата е слична на хемоглобинот во еритроцитите (кои го пренесуваат кислородот) и затоа ја нарекуваат „зелената крв на планетата“; хлорофилот учествува во содавањето на крвта и делува како снажен биостимулатор со природно својсво да го прочиствува и регенерира организмот; праксата покажува дека АФА-алгата влијае неверојатно брзо на одредени анемични состојби;
- искучително богата со бета каротин (природен пигмент од кој во нашиот организам се создава витаминот А), услов за антиканцерогено и имоностимулативно дејство;
- ги содржи скоро сите витамини во избалансирана состојба, посебно витаминот Б12 – најзначајниот витамин во создавањето на крвта. Докажано е дека во оваа алга има седум пати повеќе витамин Б12 отколку во свежиот бел дроб; тоа е посебно значајно за вегетарјанците, зашто не постои опасност да се дијде до анемија ако се конзумираат дури и мали количини АФА алга;
- соджи богат спектар минерали (органски врзани): бор, калциум, хром, кобалт, бакар, железо, магнезиум, манган, калиум, фосфор, селен, натриум, сумпор, титан, ванадиум, цинк и др.; затоа АФА - алгата  во минералниот состав ги надминува сите други видови алги, па и самата детелина која се смета за најбогат извор на минерали;
- АФА алгата е рекордер во беланчевини; профилот на аминокиселини од АФА е сличен со човековиот, а содржината на белковини е неколку пати поголема отколку во месото, сојата, и другите традиционални извори на протеини; еден грам АФА алги содржи околу 60% протеини, кои 100% се усвојуваат и  не ги оптоваруваат пробавните органи.


5. Дава убавина и подмладува, - зашто, кога човековите клетки се добро нахранети и прочистени, виталноста на организмот е вратена, а тоа е услов за одличен изглед и голема енергија. Првите позитивни ефекти од хранење со АФА-алга се сјајна кожа, цврсти нокти и бујна коса.
6. Ги отстранува болестите од современиот начин на живеење, - зашто:
- го намалува холестеролот во крвта (содржи есенцијални масни киселини),
- ја воспоставува идеалната тежина ( нахранетата клетка не чувствува глад, а со тоа се нормализира потребата за прекумерно внесување храна),
- го прочистува дигестивниот систем и ја обновува флората во дигестивниот тракт (заради ензимите кои алгата ги содржи),
- јакнејќи го имуниотсистем АФА-алгата почнува да се користи во борбата против вирусот на СИДА, зашто клеточните микрофиламенти содржат големо количество гликолипиди (според истражувањата спроведени во Националниот Институт за рак и Националниот Институт за здравје - САД).

Соочени со феноменот - АФА-алга на Кламатското езеро можеме само да се восхитуваме на бескрајната мудрост на Природата која ја создала оваа единствена космичка биолабораторија, за да ни помогне да го подобриме здавјето - и можеби, да развиеме нов квалитет во живеењето, за оние кои имаат „очи да видат, уши да слушнат и ум да разберат“.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот