Aqua Source

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Aqua Source

Пишување by bube on Вто Апр 21, 2009 1:16 pm

НУТРИЦИОНИЗАМ
Микроалгите - балзам за клетките

Човекот денес живее во најсурови еколошки услови откако постои цивилизацијата. Воздухот што го вдишуваме, особено во поголемите градови, никогаш не бил позагаден поради смогот, издувните гасови од возилата без катализатори и од други загадувачи. Водата што ја пиеме, често од дотраени водоводни цевки, не само што е енормно оправдано хлорирана туку често содржи и железни оксиди (рѓа) и други непотребни метали. Затоа луѓето, наместо "чешменска" вода, иако е бактериолошки исправна, често пијат флаширана олигоминерална вода или користат системи за филтрирање на чешменската вода.

По катастрофата на чернобилската атомска централа и алфа-радијацијата од Косово пред неколку години поради експлодираните бомби со осиромашен ураниум, радијацијата на Балканот никогаш не била поголема. Радијацијата ќе остане зголемена во наредните неколку години и во тој период ќе ги чувствуваме последиците од т.н. балкански синдром. Медицинската статистика покажува дека алергиите, автоимуните заболувања, ракот (особено на крвта) и Ходкинова болест се повеќе се присутни кај младите.

Човекот ги зголемува последиците од еколошките нарушувања консумирајќи премногу вештачки стимуланси - пушење цигари, алкохол и често пиење големи количества кафе на празен желудник. Затоа и покрај видливиот напредок на медицината и фармацевтската индустрија, бројот на заболувањата, особено на дегенеративните се зголемува.

Ако сме свесни дека не можеме да ги измениме условите во кои живееме, треба да знаеме дека можеме делумно да се заштитиме од присутните еколошки нарушувања. Во борба против употребата на вештачките стимуланси цивилизацијата прогласила Ден за борба против пушењето, Ден за борба против алкохолизмот. Еколозите апелираат, а државата презема мерки понатаму не се загадува средината во која живееме, но од последиците од зголемената радијација човекот може да се заштити самиот, делумно, и тоа со природни состојки што ни се на располагање. На прво место во заштитата од радиоактивните компоненти е правилната исхрана, богата со минерали во органска форма што потекнуваат од овошјето и зеленчукот. Сокови од исцедениот зеленчук, овошјето и зеленчукот како салати треба да ги внесуваме во организмот секојдневно на празен желудник, пред јадење. Оптималното присуство на минералите во органска форма во организмот, кои потекнуваат од овошјето и од зеленчукот, оневозможуваат организмот да апсорбира радиоактивни компоненти.

Најбогатата минерална храна на Земјата се сино-зелените микроалги, кои треба да ги внесуваме во организмот како додаток на минералите од овошјето и зеленчукот. Минералите во сино-зелените микроалги: спирулина, АФА, хлорела, дуналиела и келпот се наоѓаат речиси во ист сооднос како минералите во човечкото тело и со нивното консумирање се овозможува да се постигне рамнотежа на минералите во организмот. Минералите од микроалгите вршат супституција на радиоактивните компоненти и нивно исфрлање од организмот со најдобриот хелатирачки агенс во природата - алгинова киселина, која се наоѓа во алгите.

Позната во медицинската литература е активноста на руските физиолози, кои на група деца во Чернобил што биле енормно озрачени, меѓу другото, им давале оптимални количества спирулина и утврдиле дека радиоактивноста на нивната урина за 20 дена се намалила за 50 отсто. Зголемената радијација предизвикува енормно количество слободни радикали (штетни агенси) во организмот. Заштита од нив се антиоксидансите. Микроалгите содржат антиоксиданси што се повеќепати поефикасни од витаминот Ц и витаминот Е. Микроалгите се извор на егзогени ензими, кои ја зголемуваат отпорноста на организмот кон зголемената радијација. Бидејќи микроалгите се највредната и лесно искористлива храна на светот, тие се и балзам за човековите клетки -овозможуваат ефикасна регенерација на оштетените клетки така што тие стануваат значително поотпорни на присутната радијација.

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот