Aqua Source KOLOSTRUM (усовршена формула)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Aqua Source KOLOSTRUM (усовршена формула)

Пишување by bube on Вто Апр 21, 2009 1:04 pm

КолАктив 3 – извонредно добра комбинација

Состав: колострум со лактоферин и Ацидофилус.

Колострумот е течност што ја создаваат млечните жлезди на жените-мајки и на другите женски цицачи во првите 2-3 дена по породувањето, пред појавата на млекото. По состав колострумот е повеќе сличен на крвта отколку на мајчиното млеко. Колострумот содржи 37 природни имунолошки фактори и повеќе фактори на растот што помагаат човековото тело да се справи со заболувањата и да го одржи здравјето. Имуноглобулините што ги содржи колострумот се големи протеински молекули и претставуваат 40 отсто од протеините во човековиот крвен серум. Постојат 5 вида имуноглобулини. Тие се присутни кај сите цицачи во кои спаѓа и човекот и тоа: IgA, IgG, IgM, IgE и IgD. Колострумот ги содржи сите 5 вида имуноглобулини. Практичните искуства од целиот свет и бројни научници ја докажуваат ползата од Колострумот: го закрепнува имунолошкиот систем, ја зголемува отпорноста од инфекции, помага за подобар развој на децата, ја зголемува виталноста и работоспособноста, помага за зголемување на мускулната маса, ја зголемува мускулната енергија и издржливост, ја зголемува цврстината и здравјето на коските, го забрзува зараснувањето на рани и изгореници, ја подобрува еластичноста на кожата, ги намалува брчките и го подобрува надворешниот изглед, го регенерира нервниот систем и внатрешните органи, го подобрува емоционалниот тонус и расположението, го успорува стареењето и го продолжува животот.

Природниот колострум, употребен за Колактив 3, не се преработува со ултра-филтрација. Тоа значи дека во него се целосно зачувани сите состојки, па така и специјалниот полипептид, богат со пролин (ПБП). Пролинот е аминокиселина, нужна за производството на колаген (основна состојка на сврзното ткиво кај здравата кожа, здравите мускули, здравите крвоносни садови и воопшто заштита на сите здрави органи) и `рскавица (од која зависи здравјето на нашата телесна градба). ПБП ја затегнува кожата и го намалува појавувањето на брчки, дејствува профилактично кај инфаркти, инсулти, проширени вени, хемороиди, хернија и пролапс на различни органи (стомак, бубрези, матка и др.).

Лактоферинот е гликопротеин, преносител на железо, којшто припаѓа на групата на трансферините. Ја заштитува слузокожата на дишните органи, дигестивниот и уринарно-половиот систем и се наоѓа во различни телесни течности и секрети (солзите, бронхијалниот секрет, плунката, жолчката, панкреатичниот сок, цревните секрети, половите секрети). Најбогат извор на лактоферин е колострумот, добиен од млекото. За одредени цели се користи лактоферин од колострумот на кравите, но во поново време со методите на генетското инжињерство се произведува „човечки“ лактоферин. Лактоферинот од Аква Сорс е извлечен од колострумот на кравите. Во организмот, лактоферинот се среќава во две форми: холо-лактоферин (сврзан со железо) и апо-лактоферин (без железо). Главните функции на лактоферинот се:

• Антибактеријално дејство: лактоферинот дејствува бактериостатично сврзувајќи ги слободното железо и витаминот В12, така што ги прави недостапни за бактериите, а со тоа се спречува нивното размножување. Дејствува и бактерицидно (ја разрушува клеточната опна на многу микроби и габички). Лактоферинот е особено важен за бебињата и луѓето со ослабен имунитет. Ефективен е кај E. coli, Salmonella, Staphylococcus, Listeria, Candida итн. Кај експерименталните глувци, заразени со стафилококи, кои внесуваат 2% од калориите во вид на лактоферин, бубрежните инфекции се намалуваат за 40-60%, а бактериите во урината – од 5 до 12 пати.
• Инфекции на уринарните патишта: многу чести се кај бебињата, малите девојчиња и жените, поради анатомските особености на женскиот организам (краток и широк уретер). Многу жени се жалат од „цистит“, кој често се усложнува до пиелонефрит. Колострумот и лактоферинот можат да ги излечат овие инфекции и да ја намалат опасноста од пиелонефрит и хронична бубрежна дисфункционалност.
• Антивирусно дејство: Лактоферинот е клучна молекула за имунитетниот систем и може да помогне во борбата со различни вирусни инфекции. Спречува многу вируси да се прикачат на клеточната опна и да продрат во клетките – како на пример, цитомегаловирусите и вирусите, предизвикувачи на херпес и СИДА. Од друга страна, утврдено е дека кај болните од СИДА, лактоферинот во усната шуплина е намален, така што ги прави поприемчиви за различни инфекции.
• Антивоспалително дејство: Лактоферинот сврзува некои полисахариди (егзотоксини, секретирани од микробите) и активира некои имуни клетки од кои зависи имуниот одговор. Како резултат на сето тоа, се спречуваат воспалителните процеси и се намалува распаѓањето на различни ткива.
• Имуномодулаторно дејство: рецептори за лактоферин се откриени во различни имунокомпетентни клетки – Т-лимфоцити (таканаречени клетки-убијци), моноцити и макрофаги. Лактоферинот, кој го има во усната шуплина и стомачно-цревниот тракт, го спречува развивањето на микробите или ги уништува. Новородени прасиња, во чијашто храна е додаден лактоферин, се многу поиздржливи на инфекции – од Escherichia coli умираат само 17% од нив, додека кај прасињата кои немаат лактоферин смртноста е 74%.
• Пробиотично дејство: Лактоферинот го потиснува развивањето на штетни бактерии во цревата и потпомага да се развијат бифидобактериите и придонесува за оздравувањето на нормалната микрофлора. Ако во цревата се уништат корисните бактерии, на нивно место се населуваат штетни бактерии, коишто произведуваат различни токсини и ја ослабуваат работата на црниот дроб, којшто пак има функција да ги уништува штетните токсини.
• Антиоксидантно дејство: сврзувајќи го слободното железо во крвта, апо-лактоферинот го намалува создавањето на слободни радикали и ги сочувува липидите од оксидација, а клетките од распаѓање. Од друга страна, холо-лактоферинот го предава железото кога е неопходно за клетките. Тоа води до успорување на процесот на стареење и смалување на предиспозицијата за дегенеративни ракови заболувања.
• Подобро усвојување на железото: лактоферинот го сврзува и го пренесува железото до сите клетки кои имаат потреба од него (ја подобрува апсорпцијата на железото во организмот), што помага за побрзо лекување на анемии поради дефицит на железо.
• Стомачно-цревен тракт: лактоферинот ги намалува воспалителните процеси во цревата, на пр. при ХУХК (болест на Крон) и други автоимуни, алергични и инфективни заболувања; со редовно примање на задоволителни количини лактоферин, доаѓа до регенерација на цревниот тракт.
• Антиканцерогено дејство: постојат голем број опити in-vitro и in-vivo, коишто го докажуваат антиканцерогениот ефект на лактоферинот. Опитните глувци, на кои заедно со канцерогената супстанца азоксиметан им се дава и лактоферин, развиваат многу помалку тумори во стомачно-цревниот тракт. Докажано е и моќното лековито дејство на лактоферинот, посебно врз ракот на панкреас кај човек – и затоа се препорачува како дел од терапијата за лекување на тоа заболување.

Лактобацилус Ацидофилус (ЛА) е една од најкорисните бактерии за човечкиот организам. Таа се содржи во некои ферментирани млечни производи и хранителни додатоци. Ако се зема во доволни количини, ЛА се населува во дигестивниот тракт и уринарно-половиот систем и го подобрува здравјето. Досега се утврдени следните ефекти:
• Ја подобрува екологијата на цревата и не дозволува развивање на штетни микроби кои ги уништуваат ѕидовите на цревата, не дозволува промена на рН и содржината на кислородот, а воедно произведува и бактерицидни супстанци (водороден прекис, млечна и оцетна киселина и др.);
• Произведува ензими, меѓу кои и лактаза која е неопходна за усвојувањето на млечниот шеќер – на тој начин може да им се помогне на луѓе кои не го поднесуваат млекото и особено на доенчиња со дијареја, која се должи на недостиг на лактаза;
• Го сочувува здравјето на цревата, уринарните патишта и половиот систем од бактериски и габични инфекции;
• Го намалува создавањето на канцерогени материи во цревата и не дозволува развивање на штетни бактерии;
• Ја намалува дијарејата како последица од радијација или хемотерапија;
• Го намалува нивото на штетниот холестерол.

Мајките, коишто ги дојат своите бебиња, можат да ги заштитат од егземи и астма ако земаат доволно пробиотици (ацидофилус и бифидобактерии) за време на бременоста и доењето.
Prepora~ana doza: po 2 kapsuli KolAktiv dnevno - nautro, so ~aшa ~ista voda, 20 minuti pred obrok. Za decata i novoroden~iwata, prepora~anata doza e 1 kapsula, no mo`ni se i otstapki, bidej}i KolAktivot e priroden proizvod i ne e mo`no negovo predozirawe.
Dokolku po~uvstvuvate deka ste nastinati, ili ste izmoreni po fizi~ki napregawa, ili vodite nezdrav na~in na `ivot, vo toj slu~aj dozata zgolemete ja dvojno.
Pri infekcii na gornite di{ni pati{ta, afti vo ustata i ostanati lokalni problemi (pr. po vadewe zabi) se prepora~uva nekolku pati dnevno da se dr`i malo koli~estvo kolostrum vo ustata.
Pri gastritis i ~ir na `eludnikот i dvanaestopale~noто crevo, kolostrumot se rastvora vo malku te~nost i se prima samostojno ili so AFA i EMK na prazen stomak, so cel da se razlo`i podobro i da pomogne vo regereneracijata.

(Vidi poop{irno vo knigata Zelenite zraci na svetlinata od D-r. P. Najdenov)[/font][/font]

bube

Број на мислења : 30
Местолокација : Скопје
Job/hobbies : Супер храни
Registration date : 2009-04-21

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот