12 корисни совети за слабеење наместо диета

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

12 корисни совети за слабеење наместо диета

Пишување by Admin on Чет Јан 15, 2015 3:22 pm

12 корисни совети за слабеење наместо диета

Факт е дека порано или подоцна во животот сите сме или ќе пробаме некој вид на диета. На некому ќе му успее, некому не. Никој до сега нема направено истражување за количината пропаднати и безуспешни диети – генерално сите обиди завршуваат со краткорочно губење килограми, а за неколку месеци повторно се враќаат калориите назад и се таложат на телото.



Во случај и вие да се обидувате да се одржите во форма, прочитајте ги овие совети кои ветуваат дека се одлични за топење на мастите:

1. Барем 5 до 10 минути пред да јадете, испијте чаша вода или некој друг здрав пијалак. Ќе го наполните желудникот и ќе јадете помалку.

2. Ако веќе јадете леб и други јаглехидрати, трудете се тоа да биде комбинација од интегрални житарки.

3. Заменете ги сите газирани сокови и слатки сокови со вода. Ако ви е потребен вкус, додадете неколку капки лимон.

4. Појадокот е најважниот оброк во денот! Избалансиран појадок треба да содржи протеини, малку овошје и овесна каша која би го поттикнала вашиот метаболизам. Оваа комбинација го стабилизира нивото на шеќер во крвта и спречува прејадување во текот на денот.

5. Имате навика постојано да ставите нешто во уста? Обидете се со мастика. Повеќето немаат повеќе од 10 калории, но не претерувајте и внимавајте на забите.

6. Оброците кои се висококалорични, но во кои навистина уживате, дозволете си ги само еднаш неделно. Но, не претерувајте и во таа мерка.

7. Наместо чипсови, грицкајте живи бадеми или семки од тиква кои се полни со протеини и неопходни масти.

8. Обидете се да избегнувате млеко, полно е со нездрави хормони.

9. Почесто гответе дома. Не само што ќе ви биде мерак да си го изедете она што сте го подготвиле, во процесот на готвење ќе забележите колку се калорични состојките и колку треба да изедете, а да не е премногу.

10. Избегнувајте пржена храна, а ако не можете да се воздржите, користете кокосово масло.

11. Вежбањето треба да е дел од вашето секојдневие. Пешачете, трчајте, планинарете – секоја активност се брои!

12. Не го гледајте губењето килограми само преку вагата. Најдете уште некој начин за да го следите својот напредок и не дозволувајте да ве обесхрабри фактот што тежината постојано ви варира. Сликајте се пред и потоа или правете споредба во однос на облеката која ја поседувате.

Желбата, посветеноста и волјата ви се неопходни за да ги остварите своите цели и не заборавајте дека одржувањето во форма не е брзо решение, тие се животен стил и не можат да функционираат без вежбање.


Izvor:  http://www.crnobelo.com/
avatar
Admin
Admin

Female Број на мислења : 48
Местолокација : Makedonija
Job/hobbies : konsultant za zdravje i ubavina
Registration date : 2008-01-26

Преглед на профилот на членот http://zdravje-ubavina.mysite.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот