Чаеви за здравјето

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Чаеви за здравјето

Пишување by Admin on Чет Јан 08, 2015 1:11 pm

Чаеви

kantarion.jpg[You must be registered and logged in to see this image.]
Кантарионот како природен лек
Латинско име на кантарионот е Hypericum perforatum.
Како изгледа кантарионот?
Кантарионот е повеќегодишна билка со силно разгранет корен. Може да израсне до висина од 1метар. Стеблото на кантарионот е исправено и цврсто, со гранчиња на кои се наоѓаат јајчевидни листови. Листовите се прошарани со карактеристични точки, кои всушност се жлезди богати со етерични масла. Цветовите на кантарионот се по боја жолти и се наоѓаат на врвовите на стеблото. Од долната страна имаат црни точки.
Каде расте кантарионот?
Кантарионот расте на сончеви ливади, на пусто и необработено земјиште и на суви ридести предели.
Кантарионот како лек од природата
Најмногу се берат цветовите и листовите на кантарионот, бидејќи тие содржат и најмногу лековити својства.
zdr-kantarion.jpg [You must be registered and logged in to see this image.]
Кантарионот се бере за време на цветањето (во мај и јуни). Тој содржи голема количина на етерични масла, танини, смола, црвена боја (хиперицин), каротен, холин, витамин Ц, трагови од алкалоиди и други лековити состојки.
Лековитите состојки на кантарионот благотворно делуваат при многу здравствени пореметувања во човечкиот организам.
Кантарионот има антисептични својства. Така, кантарионовото масло, во традиционалната и народна медицина, се користи како средство за дезинфекција, за побрзо заздравување на посекотините, изгорениците, за зараснување на рани.
Исто така, кантарионовото масло се користи и во козметиката за заштита и нега на кожата. Често се користи за масажа на лицето и телото, во лекување на акни, чиреви на кожата, а се додава и во кремите за нега на сува и перутава кожа.
kantarion-21.jpg [You must be registered and logged in to see this image.]

Кантарионот делува и како аналгетик (природен лек против болка). Облозите од кантарион се користат за намалување на болките при повреди на мускулите, при оток и хематом (поткожно крварење при повреда), исчашувања на зголобовите, како и при многу други заболувања на коскено-зглобниот систем (реума, дегенеративен реуматизам – артроза на рамо, колено, колк, при метаболен реуматизам-гихт, при лумбаго и ишијас).
Во народната медицина, чајот од кантарион се користи за лекување на болестите на дишните патишта (хроничен бронхит, астма, кашлица). Чајот од кантарион помага и при болести на мочниот меур, на црниот дроб, на слезенката и на жолчната кеса.
Кантарионот е докажан како ефикасен природен лек против стомачните тегоби (кислеини во желудникот, гастрит, цревни грчеви, цревни паразити и хемороиди), како и лек за побрзо заздравување на површинските рани.
Кантарионот делува и како благ седатив, за лекување на лесни форми на депресија, напнатост и нервоза.
Но, една германска студија покажала дека кантариониот е корисен е и за лицата кои страдаат од тешки форми на депресија.
Истражувањето го спроведе доктор Клаус Линде заедно со колегите од Универзитетот во Мерлин, а е направено врз 5 500 пациенти заболени од тешка депресија. Др. Линде дошол до овие резултати со споредување на дејството на кантарионот и дејството на плацебото, како и на дејството на некои антидепресиви.
Кантарионот се покажал како поефикасен од плацебото (лажен лек), па и од некои антидепресиви кои се користат за лечење на депресија.
Освен тоа, истражувачите истакнуваат дека кантарионот има нема пропратни несакани ефекти, кои може да се јават при терапија со лекови за депресија.
Во Германија кантарионот редовно им се препорачува на пациентите кои страдаат од депресија.

Ајдучка трева
ff.jpg[You must be registered and logged in to see this image.]Ајдучката трева (achillea millefolium) е отпорна и приспособлива билка, која е позната и како столисник. Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните.
Ајдучката трева е исправена билка со висина до 80 cm. Стеблото на ајдучката трева има светло-зелена или црвено-кафена боја. Има мноштво на тенки листови. Целата билка има многу пријатен мирис. Ситните цветови се собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото.
Ајдучката трева расте секаде, покрај патиштата и во полјаните со континентална клима. Таа има бели цветови кои цветаат од јуни до август.
Ајдучката трева се бере за време на цветањето, а листовите се берат до есен.
Надземниот дел на билката во времето на цветањето содржи 1% етерично масло, влавоноиди, витамин К, горчлива материја – ахилеин, смола, танини и друго.
Ајдучката трева е распространета по цела Европа. Расте на суви и на умерено влажни терени, ливади, пасишта, крај шуми и патишта, на надморска височина до 1.800 метри. Добро ги поднесува и ниските и високите температури. Цвета од јуни до октомври. Главната сезона на берење е во јули и во август. Се собираат врвните делови на билката или, пак, само цветовите што се ситни и бели собрани во соцветија во облик на штит.

achillea_millefolium2.jpg [You must be registered and logged in to see this image.]Стебленцето на билката нема лековити својства. Билката има специфична арома и горчлив вкус. Горчливиот вкус доаѓа од горчливата материја ахилеин. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерско масло богато со пинен, цинеол и хамазулен. Колку е етерското масло побогато со хамазулен толку бојата му е поинтензивно сина. Хамазуленот е многу ценета состојка на скапите кремови и масла за сончање. Дејствува против воспаленија на слузокожа и кожа.
Ајдучката трева уште оддавна се користела во народната медицина, а е омилено лековито средство и во современата медицина. Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен крвен притисок, како средство за сопирање на крварењето, при мозочни и срцеви тромбози.

[You must be registered and logged in to see this image.]Освен тоа, ајдучката трева се користи и како јако антибактериско средство против стафилококите, ешерикија коли, кандида и други микроорганизми.
Во народната медицина се користи за зараснување на раните и за намалување на болката. Ајдучката трева се користи во составот на горчливите чаеви, во чаевите за прочистување на организмот, чаеви за зголемено излачување на жолчна киселина, чаеви за нормализирање на метаболизмот и за чаеви за смирување. Може да се користи и за испирање на рани, за купки и облози.
Поради присуството на витамин Ц, ајдучката трева се дава при крварење и при хемороиди. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења.
При користењето на ајдучката трева треба да се знае дека кај осетливите лица може да предизвика алерегија. Затоа лицата со чувствителна кожа треба да користат само млади, тек процветани билки, а чајот да го пијат во помали количини.
xpvwj4.jpg[You must be registered and logged in to see this image.]

Во народната медицина познато е нејзиното лековито дејство во смирувањето на воспалението на кожата и слузниците, во лекувањето на раните и гнојните процеси, во прекинувањето на крварењето.
Етерското масло од ајдучката трева е ефикасно против гасови во цревата и против болки и грчеви во стомакот. Цинеолот од етерското масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува како антихелминтик (против цревни паразити).
Поради танините што стегаат и етерското масло, кое влијае антисептично и антивоспалително, ајдучката трева се препорачува против дијареа, колит, воспалени хемороиди и други цревни заболувања. Од истите причини се употребува против воспалени слузници на усната шуплина, грлото, при фарингит и ларингит.
Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прават билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Ајдучката трева ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната меструација. Забележана е голема ефикасност при лечење на болна менструација. Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева и длабоко плакнење на вагината со чај од ајдучка трева. Истовремено се препорачува и пиење екстракти од ајдучка трева.
Екстрактите од ајдучка трева се делотворни и при цисти и воспаление на јајчниците, миоми на матка и ендометриоза.
Поради диуретичното дејство (поттикнување на мокрењето) и богатството во минерали (пред се калиум), ајдучката трева се применува за лекување на бубрежните заболувања.
Како добар диуретик, таа го елиминира вишокот течности во организмот, поради што е корисна и при срцеви тегоби, особено против проблеми со циркулацијата (зголемен крвен притисок, ангина пекторис, срцеви отоци).
Се препорачува и во климактериум бидејќи ги ублажува тегобите, продолжените крвавења и помага за намалување на потењето.

Жалфија – лек од природата

zalfija.jpg[You must be registered and logged in to see this image.]
Иако е позната како лек против воспаление на грло и крвавење на непцата, жалфијата има многу поголема примена. Жалфијата има антисептично и антибактериско дејство, па освен тоа што е корисна кај проблемите со дишните органи, помага и при проблемите со варење на храната, чиревите, раните, болки и грчеви во внатрешните органи. Таа е вистинско женско растение, за што зборува и поговорката „Таму каде жалфијата расте, таму жената господари“.

Обичната жалфија (Salvia officinalis) е мало повеќегодишно грмушесто растение со задрвенето стебло, сивкасти листови и сини до розево-виолетови цветови.
Жалфијата се култивира како зачинска и медицинска билка. Ова растение е познато и од делови на Европа, особено на Балканскиот Полуостров, каде служи за добивање на етерични масла.
Латинскиот назив на целиот род Salvia потекнува од латинскиот збор „salvare“, што значи „спасување, лечење“, бидејќи Римјаните уште пред 2000 години ја ценеле и ја користеле за лечење.
Во фитотерапијата се користат листовите од жалфија кои се сивобеличести поради присуството на нежни влакна. Се собираат во период кога се развиваат цветните пупки – во мај и јуни.
Делотворноста на лисјата се должи, пред се, на присуството на етерско масло (1.5 - 2.5 отсто), кое има антимикробно и антивоспалително дејство. Во лабораториски услови е докажано дека етерското масло ги уништува бактериите Eshericia colli, Schigela sonei, Salmonela, а нешто послабо дејство против бактериите од групата на стафилококи и стрептококи. Таа е ефикасна и во уништување на некои видови на габи како: cadida albicas, cadida krusei, cadida pseudotropicalis, torulopsis glabrata и cyptococcus eoformas.
Поради ваквото дејство, жалфијата е корисна билка за лекување воспаленија и инфекции на слузниците во устата, непцата, грлото. При овие заболувања се препорачува гаргара со концентриран чај: 2 супени лажици иситнети суви лисја се попаруваат со 500 мл жешка вода. Садот стои покриен 20 до 30 минути, а потоа се процедува. За да биде лекувањето успешно, мора да се прави гаргара редовно, на секои 3 часа.
Жалфијата ги омекнува слузните секрети од воспалените слузници на дишните органи, односно полесно можеме да ги искашламе. Поради тоа против бронхит може да се пие чај од жалфија. Чајот се припрема со 1 супена лажица суви лисја и 500 мл вода. Се пие три пати на ден по 150 мл. Треба да се избегнува долготрајно пиење чај од жалфија бидејќи етерското масло на жалфијата содржи токсична супстанција тујон.
Сувите лисја се употребуваат и како зачин бидејќи ги подобруваат вкусот и мирисот на храната, а го потпомагаат и нејзиното варење.
Чајот од жалфија може да се употреби и како средство за подобрување на функциите на жолчката и на црниот дроб, бидејќи горчливите материи и етерското масло го зголемуваат лачењето на соковите во дигестивниот систем. Поради стегливото дејство на танините и антимикробното и антивоспалителното дејство на етерското масло, чајот од жалфија е добар избор при пролив, колит и гасови во црева.
Чајот од жалфија има и диуретично дејство, кое е послабо изразено, а се должи на присуството на флавоноидите. Може да помогне и при хронични заболувања на мочните патишта.
Од многу одамна било познато дека чајот од жалфија е мошне ефикасен лек против потење. Ваквата моќ на жалфијата се објаснува со нејзиното дејство врз нервниот центар, кој ја регулира работата на жлездите што лачат пот. Најчесто се препорачува да се пие против потење од нервно потекло или при топлотни банови кои се јавуваат во менопауза.
Нанесен врз кожата, чајот од жалфија ја затегнува кожата и ги смирува воспаленијата. Особено е добар за масна кожа со отворени пори и за воспалена кожа.
Етерското масло од жалфија е безбојна или жолтозелена течност со ароматичен и горчлив вкус. Се додава во средства за нега на уста, во дезодоранси, сапуни, шампони за коса и во тоник за лице.
Жалфијата е извонредно средство за белење на забите, јакнење на непцата и помошно средство при парадентоза. Една мала лажица лисја од жалфија се помешува со 1 капка етерско масло од нане и малку сода-бикарбона. Со оваа мешавина се тријат забите и непцата два пати неделно.
zalfija.jpg[You must be registered and logged in to see this image.]

Хибискус
hibiskus_alergija.jpg[You must be registered and logged in to see this image.]

Хибискусот, главно ни е познат по своите раскошни цветови и како билка од која се прави вкусен чај, но, сепак не се знае доволно за неговите лековити својства.

Хибискусот е грмушеста едногодишна билка. Во нашите краеви цвета во периодот од јули до септемви. Тој се размножува на повеќе начини: калемење, сеење на семиња...

Деловите на цветот се користат за правење на популарниот пијалок во Египет, кој се нарекува "Каркада". Оваа билка се користи за правење на: џемови, зачини, чаеви, супа и сосови. Цветовите се користат во фармацијата и козметиката.

Хибискусот делува на зголемување на апетитот, а има примена и во лечење на настинка, срцеви и нервни заболувања, болки и отекувања во горниот респираторен тракт. Помага при задржување на течностите во огранизмот, стомачни проблеми и пореметена циркулација. Служи и како благ лаксатив и диуретик.

Во храната и пијалоците се користи поради мирисот, вкусот и бојата. Тој го подобрува мирисот, вкусот и изгледот на многу мешани чаеви.

Како функционира?
Лековитите својства на хибискусот потекнуваат од ензимите, етеричните масла, витаминот Ц и флавоноидот, па тој помеѓу останатите, делува и како антиоксиданс.
Овошните киселини во хибискусот, можат да делуваат како лаксатив. Некои научници сметаа дека другите состојки на хибискусот можат да делуваат на намалување на крвниот притисок, ублажување на грчевите во стомакот, цревата и матката, како и дека можат да делуваат како антибиотик, против бактерии и глисти.

Употреба и лековито дејство на хибискусот
Постојат недеволен број докази дека хибискусот помага при проблеми со зголеменото ниво на холестерол. Една постара студија покажала дека еден грам екстракт од листовите на хибискусот, поволно делува на нивото на холестеролот во нашиот организам.

Истражувањата покажале дека луѓето со благо зголеменен крвен притисок, кои три пати дневно пијат одредена врста чај од хибискус, имаат понизок крвен притисок. Ова истражување ветува, но не е несигурно да се потпирате на чајот од хибискус за лечење на зголемен крвен притисок.

Се покажало дека хибискусот поволно делува кога се во прашање следниве проблеми:
Губење на апетитот
Настинка, кашлање, воспаление на грлото
Констипација
Стомачни проблеми
Задржување на течностите
Срцеви заболувања
Пад на имунитетот
Нервни нарушувања
Површински рани
Несоница

Сепак, потребно е повеќе податоци за да можеме хибискусот да го сметаме за лек на ваквите проблеми.

i008875.jpg[You must be registered and logged in to see this image.]

Несакана ефекти и безбедно користење
Хибискусот се смета за безбеден за поголем број личности, бидејќи несаканите ефекти на хибискусот до сега не се познати.

Мера, претпазливост и предупредувања
Хибискусот не е секогаш безбеден за користење во текот на бременоста. Постојат случаи кога хибискусот делува на предизвикување менструален циклус, што може да доведе до спонтан абортус кај бремениците. Со оглед на тоа дека нема доволно податоци за безбедно консумирање на хибискусот, во текот на доењето тој не се препорачува.

Интеракција
Хибискусот може да го намали дејството на ацетаминофенот. Консумирањето на пијалоци кои содржат хибискус, непосредно пред употребата на ацетаминофен, може да го забрза слабеењето на организмот од самиот ацетаминофен. Уште не е познато дали тоа може да предизвика сериозни проблеми.

Дозирање
Одговорната доза зависи од повеќе фактори, како што се возраста, здравствена состојба и други услови. Моментно не постојат доволно научни факти кои би го одредиле точното дизирање на хибискусот. Обидете се само да ги следите инструкциите на препаратите или да се консултирате со фармацефт или лекар.

Извор:  http://www.ohridlive.com/
avatar
Admin
Admin

Female Број на мислења : 51
Местолокација : Makedonija
Job/hobbies : konsultant za zdravje i ubavina
Registration date : 2008-01-26

Преглед на профилот на членот http://zdravje-ubavina.mysite.com

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот